Јанакиески: Обнова на уште 100 локални патишта

Bez autora
Apr 02 2014

Во текот на оваа и наредната година ќе продолжи обновата на локалните патишта. Предвидена е реконструкција на повеќе од 100 патишта со должина од над 200 километри, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој вчера со велешкиот градоначалник Славчо Чадиев извршија увид во текот на градежните работи на локалниот пат Мумутчево-Иванковци во реонот на Велешко. Во периодот 2010-2013 на територијата на Македонија се изградени 288 локални патишта, односно реконструирана или целосно изградена е вкупна мрежа од 566 километри. Никогаш претходно во земјава не се инвестирало толку во делот на локалната мрежа, рече министерот Јанакиески.

Јанакиески: Обнова на уште 100 локални патиштаВо текот на оваа и наредната година ќе продолжи обновата на локалните патишта. Предвидена е реконструкција на повеќе од 100 патишта со должина од над 200 километри, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој вчера со велешкиот градоначалник Славчо Чадиев извршија увид во текот на градежните работи на локалниот пат Мумутчево-Иванковци во реонот на Велешко.

- Во периодот 2010-2013 на територијата на Македонија се изградени 288 локални патишта, односно реконструирана или целосно изградена е вкупна мрежа од 566 километри. Никогаш претходно во земјава не се инвестирало толку во делот на локалната мрежа, рече министерот Јанакиески.

Според Јанакиески, патот Мамутчево-Иванковци, што е изграден во 1976 година, бил во најлоша состојба во државата, а се гради на барање на 2.000 жители од двете населени места.

- Задоволен сум од текот на градежните работи, од кои преостануваат да се доизгради односно доасфалтира уште 1,5 километри од патот. Очекуваме согласно потпишаниот договор динамиката на работа на изградба на патот да заврши некаде во мај, а со тоа да добиеме модерен реконструиран пат во должина од околу 10 километри, со вредност од 750 илјади евра, средства кои ги обезбеди Владата на РМ, рече Јанакиески.

Градоначалникот на Велес, Чадиев информира дека освен жителите на селата Мамутчево и Иванковци изградбата на патот ја барале и жителите од соседното село Кумарино.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik